Иран бара договорот со САД да биде потврден од СБ на ОН
- Усвојувањето таква резолуција би го претворило договорот во обврзувачко меѓународно право и, како што се наведува, ќе претставува значајна дипломатска победа за иранскиот народ.
- Post By Сашко Димевски
- 13:38, 8 prill, 2026
Техеран, 8 април 2026 (МИА) - Конечниот договор меѓу Иран и САД мора да биде потврден со обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации - објави иранската агенција „Тасним“.
Според агенцијата, планот од 10 точки предложен од Иран, што ќе биде основа за идните преговори со американската страна по повлекувањето на претседателот Доналд Трамп, предвидува дека сите можни договори ќе бидат одобрени со обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на ОН.
Усвојувањето таква резолуција би го претворило договорот во обврзувачко меѓународно право и, како што се наведува, ќе претставува значајна дипломатска победа за иранскиот народ.
Иранскиот генерал-мајор Мохсен Резаи рече дека вооружените сили остануваат во „целосна готовност“ сè додека не бидат апсолутно сигурни дека интересите на земјата се заштитени.
„Вооружените сили се на чкрапалото сè додека не бидат целосно убедени дека ги обезбедуваат интересите на земјата“, рече Резаи.
Тој изјави дека американскиот претседател, по три повлекувања од преговорите, конечно бил принуден да го прифати планот од 10 точки на Иран како основа за преговори, што, според него, било резултат на отпорот на иранскиот народ, дејствата на вооружените сили и советите на врховниот лидер на Иран.сд/ми/
Фото:МИА архива