• e martë, 21 prill 2026

Изложба „Наследена носија“ на Мила Добревска во Куќата на Робевци во Охрид

Изложба „Наследена носија“ на Мила Добревска во Куќата на Робевци во Охрид

Охрид, 20 арпил 2026 (МИА) - „Наследена носија“ е насловот на самостојната изложба на Мила Добревска што в четврток ќе биде отворена во Куќата на Робевци во Охрид.

Како што информираат од НУ Завод и Музеј Охрид, изложбата го отсликува духот на македонската жена, преточувајќи ги традиционалните вредности во современ контекст. Наследените носии, според концептот, не се само облека, туку и начин на претставување и перцепција, како одраз на особините и идентитетот.

Поставката е наменета и за помладата генерација, како потсетник на вредности како добрина, љубов, критичка свест, истрајност и снаодливост.

Преку дуалистичка интерпретација на минатото и сегашноста, делата нудат нови толкувања преку споредби, хармонии и испреплетувања. Инспирирана од традиционалната орнаментика и вез, авторката ги преиспитува основните уметнички елементи користејќи рачно моделирана цементна маса, стакло и иновативни техники на ткаење и сликање, со што традиционалните вредности се пренесуваат во современи уметнички форми. аб/бк/

фото/плакат

QËNDRONI TË LIDHUR