• e mërkurë, 11 mars 2026

ИДФ: Половина од иранските ракети кон Израел имале касетни боеви глави

ИДФ: Половина од иранските ракети кон Израел имале касетни боеви глави

Тел Авив, 10 март 2026 (МИА) - Командата на израелската армија (ИДФ) денеска објави дека околу 50 проценти од балистичките ракети испукани од Иран кон Израел за време на актуелниот конфликт биле вооружени со касетни боеви глави.

Ваквите боеви глави неселективно расфрлаат десетици други помали субпроектили, секој со неколку килограми експлозив, во радиус од околу 10 километри, што го отежнува пресретнувањето, иако воздушната одбрана на Израел е делумно ефикасна, објави „Тајмс оф Израел“.

Нападите биле насочени кон населени центри, воени инсталации и клучна инфраструктура.

Во последните денови, ракетите биле испукани поединечно или во мали групи, што според проценките на ИДФ укажува на тешкотијата на Иран во извршувањето координирани поголеми баражни напади.

Во најновиот инцидент, две лица беа убиени кога касетна бомба погоди градилиште во централен Израел, додека друго лице беше сериозно повредено, а беа пријавени и неколку други напади со материјална штета.сд/ми/

Фото:МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR