„Зеленикс - од предизвик до иновација“ - едукативно-креативен настан во Скопје
- Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемаштво - ИНОВА денеска ќе го организира едукативно-креативниот настан „Зеленикс - од предизвик до иновација“, наменет за ученици од основните училишта во Скопје.
- Post By Борис Куноски
- 07:05, 21 prill, 2026
Скопје, 21 април 2026 (МИА) - Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемаштво - ИНОВА денеска организира едукативно-креативен настан „Зеленикс - од предизвик до иновација“, наменет за ученици од основните училишта во Скопје.
Настанот ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, а целта е да се поттикнат младите да размислуваат иновативно и да креираат одржливи, зелени решенија за реални предизвици од нивната околина.
На отворањето ќе се обратат министерката за образование и наука, Весна Јаневска, директорката на ИНОВА, Даниела Димовска, како и дел од градоначалниците на Скопје.
На настанот ќе учествуваат повеќе од 200 ученици од 23 основни училишта, кои преку практична работа, тимска соработка и претприемачки пристап ќе имаат можност да развиваат идеи и да ги претвораат во конкретни иновативни решенија. бк/лв/
фото: ИНОВА