• e enjte, 26 shkurt 2026

Заев поднесе тужби за клевата против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Заев поднесе тужби за клевата против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Струмица, 25 февруари 2026 (МИА) - Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев објави на неговиот фејсбук профил дека поднел тужби за клевета и нарушување на честа и угледот против пратеникот од ВМРО - ДПМНЕ, Бране Петрушевски и д-р Жан Митрев.

-Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед. Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата. Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби, напиша Заев во објавата.

Во фотографиите од тужбите кои Заев ги објави тој и од двајцата побарува штета по 500.000 денари.

Во објава од 8 овој месец на неговиот фејсбук профил, поранешниот премиер ги демантираше трврдењата на Петрушевски и Митрев и побара од нив да се извинат во законски предвидениот рок, а доколку не го сторат тоа најави дека ќе поднесе тужба и ќе се бори со сите правни средства како што напиша за да ја симнал оваа дамка од неговото име.

Инаку, Заев го тужи Петрушевски зашто во обраќање на прес - конференција го поврзал него со запленувањето на 10 тони марихуана во струмичко, а докторот Митрев за изнесени тврдења дека вршел притисок за купување на неговата болница.

Тужбите се поднесени до Основниот суд во Струмица. рт/дма/

Фото:МИА архива и принт скрин

QËNDRONI TË LIDHUR