• e mërkurë, 11 shkurt 2026

Европол: Разбиена криминална мрежа што шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд

Европол: Разбиена криминална мрежа што шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд

Хаг, 10 февруари 2026 (МИА) - Меѓународна криминална мрежа која шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд е разбиена во заедничка операција на полициите на Исланд, Литванија и Шпанија, со поддршка на Европол и Евроџаст, соопшти денеска Европол.

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со дрога, се наведува во соопштението.

Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени се 24 лица од кои 11 во Исланд, шест во Литванија, четири во Шпанија, две во Белгија и едно во Данска. рп/ми/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR