• e shtunë, 07 shkurt 2026

ДЗС: Работна средба на Ангелов со претставниците на Асоцијацијата на воените аташеа

ДЗС: Работна средба на Ангелов со претставниците на Асоцијацијата на воените аташеа

Скопје, 6 февруари 2026 (МИА) - Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска заедно со тим од Дирекцијата, одржа работна средба со претставниците на Асоцијацијата на воените аташеа акредитирани во Македонија.

Како што информираат од ДЗС, на работната средба, предвидена во програмата на Асоцијацијата, биле запознати со системот за заштита и спасување, а и со системот за управување со кризи.

-Воените аташеа имаа можност да поставуваат прашања и преку интерактивна дискусија и размена на искуства во сферата на заштитата и спасувањето при итни ситуации се надоградија сознанијата за оваа област којашто не е во таков обем во нивната воена профилација, иако армиите се значаен чинител во заштитата и спасувањето на граѓаните, се вели во соопштението од ДЗС.

Оттаму додаваат дека Ангелов, на сите присутни им врачил пригодни плакети. сст/дма/

Фото ДЗС

QËNDRONI TË LIDHUR