Грозданов: Ќе се бориме до крај до излекување на секоја лузна и до враќање во функција на секое дете и негово интегрирање во општеството
- Во животот ќе правиме се што треба. Повторно ќе ги отвориме сите врати на светските и нашите центри и ќе сме во координација со сите институции. Ги охрабрувам младите деца, повредените, дека нема да застанеме тука, оттука почнуваме и ќе се бориме до крај до излекување на секоја лузна и до враќање во функција на секое дете и негово интегрирање во општеството. Тоа го имам дадено не како гаранција, туку како заклетва, рече денеска градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов на панелот „Од искуство до решенија улогата на заедницата институциите и научените лекции“ што се одржа денеска во Скопје во рамките на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“.
You need to login to view this page