Граничните премини и денеска блокирани од камионските превозници
- Поради протест на камионските превозници, блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата.
- Post By Сашо Арсовски
- 07:20, 29 janar, 2026
Скопје, 29 јануаеи 2026 (МИА) - Поради протест на камионските превозници, блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево./
Фото: МИА