• e enjte, 15 janar 2026

Градоначалникот Ќyра изврши надзор на градежните работите на дел од кејот на реката Црн Дрим

Градоначалникот Ќyра изврши надзор на градежните работите на дел од кејот на реката Црн Дрим

Струга, 14 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Струга, Менди Ќyра, денеска изврши надзор на градежните работите на дел од кејот на реката Црн Дрим.

Активностите, како што вели Ќура, биле по претставки на граѓани за санација на искршени плочки.

- Долгиот период без одржување и инфраструктурни инвестиции доведе до тоа секојдневно да се појавуваат проблеми што бараат брзи и ефикасни решенија. Тешката механизација што се движела по шеталиштето значително ги оштетила не само плочките и другите материјали туку и водоводната инфраструктура - рече Ќура. 

При изведувањето на градежните работи тој посочи дека екипите утврдиле и оштетувања на водоводните цевки.

- На западната страна од кејот на Црн Дрим, по претставки на граѓаните, ги презедовме потребните мерки за санација на искршените плочки - истакна Ќура.

Тој нагласи дека ќе работат на заштита на јавниот простор, градската инфраструктура и секој нејзин ресурс. сс/дма/

Фото: Општина Струга

QËNDRONI TË LIDHUR