• e shtunë, 21 shkurt 2026

Градоначалникот на Охрид Пецаков во работна посета на белградската општина Стари Град

Градоначалникот на Охрид Пецаков во работна посета на белградската општина Стари Град

Охрид, 20 февруари 2026 (МИА) – Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска во рамките на посетата на Белград, заедно со делегација на Општина Охрид оствари официјална посета на Општината Стар Град.

Пецаков на својот фејсбук-профил соопшти дека на работната средба со претседателот на општината Стар Град, Радослав Марјановиќ, разговарале за официјализирање и продлабочување на меѓуопштинската соработка, со посебен акцент на размената на искуства во областа на локалниот економски развој, туризмот, промоцијата на културното наследство, урбанистичкото планирање и образованието.

„Изразивме подготвеност за воспоставување долгорочни партнерски односи, насочени кон размена на добри практики и реализација на заеднички проекти од значење за граѓаните. Во рамки на посетата, заедно со нашите домаќини посетивме неколку капитални проекти кои се реализираат во Општина Стар Град Белград, при што се запознавме со тековните инфраструктурни зафати и современите пристапи во развојот на урбаната средина“ - вели тој.

Пецаков посочува дека ваквите средби се од исклучително значење за унапредување на меѓуинституционалната соработка и отворање нови можности за развој на Охрид. 

Инаку, во рамки на работната посета на охридската делегација на Белград, што е дел од презентацијата на македонската понуда на Меѓународниот саем за туризам, синоќа се одржа и традиционалната „Охридска вечер“, на која Охрид ги презентира своите туристички атрибути.

На свеченоста на градоначалникот Пецаков му беше доделена Повелба од страна на Балканска алијанса на хотелски асоцијации (БАХА), како признание за гостопримството, соработката и придонесот во развојот на туризмот на Балканот. аб/вг/

фото/Кирил Пецаков

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR