• e martë, 17 mars 2026

Во Кавадарци работилница за почитување на различностите и градење општество без дискриминација

Во Кавадарци работилница за почитување на различностите и градење општество без дискриминација

Кавадарци, 16 март 2026 (МИА) - Во Кавадарци се реализираше работилница за почитување на различностите и градење општество без дискриминација, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

- Комисијата за еднакви можности одржа едукативна работилница на тема „Родова еднаквост“ со учениците од ООУ „Димката Ангелов - Габерот“ во Ваташа. Целта на работилницата беше да се подигне свеста кај младите за значењето на еднаквите можности меѓу жените и мажите, почитувањето на различностите и градењето на општество без дискриминација, соопштија од кабинетот на градоначалникот.

Преку интерактивна дискусија и едукативни активности, учениците имале можност да научат повеќе за родовата еднаквост и нејзината важност во секојдневниот живот.

- Комисијата ќе продолжи и во иднина со вакви активности, со цел едукација и поддршка на младите во градењето на општество засновано на почит, еднаквост и толеранција, посочија од кабинетот на градоначалникот. свд/дма/

Фото: Фејсбук - страница на градоначалникот Митко Јанчев

QËNDRONI TË LIDHUR