Во Велес утре средношколски марш за 8 Март
- „Посилни од тишината, посветли од силуетата“ под ова мото утре во Велес ќе се одржи веќе традиционалниот втор средношколски марш за 8 Март, што го организира Општина Велес.
Велес, 5 март 2026 (МИА) – „Посилни од тишината, посветли од силуетата“ под ова мото утре Велес ќе се одржи веќе традиционалниот втор средношколски марш за 8 Март, што го организира Општина Велес.
Како што информира попладнево градоначалникот Марко Колев, тој заедно со средношколците од градот ќе маршираат со цел поттикнување на секој од нас за продолжување на борбата за еманципација на жената, потсетувајќи се на начелата за одбележување на 8 Март.
Маршот ќе започне во 11 часот од кружниот тек кај „Авона“, па се до Театарот, од каде што активностите ќе продолжат во Младински парк.
- 8 Март е потсетник како жените го променија светот, потенцира Колев.ад/вј/
Фото: Општина Велес плакат