• e enjte, 26 shkurt 2026

Во Битола средба на градоначалникот Тони Коњановски и министерката Сања Божиновска

Во Битола средба на градоначалникот Тони Коњановски и министерката Сања Божиновска

Битола, 25 февруари 2026 (МИА) - Битолскиот градоначалник Тони Коњановски одржа работна средба со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, која е во посета на Општина Битола.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа дека во кабинетот на градоначалникот, соговорниците размениле информации за новиот Законт за енергетика.

-Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска разговараа за енергетската иднина на Битола, за новиот Закон за енергетика кој опфаќа широка лепеза на одговорности и за општините, а зборуваа и за новите можности за имплементација на енергетска ефикасност во јавни институции и потребата од вклучувањето на индивидуалните објекти во насока на подобрување на енергетската ефикасност, соопштија од тамошната локална самоуправа.

Дел од регулативите се содржат и во Општинскиот енергетски план за 2026 година за Општина Битола, за кој ќе одлучуваат членовите на Советот на Општина Битола, се наведува во соопштението за јавност.бт/са/

Фото: Општина Битола

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR