• e premte, 03 prill 2026

Возач усмртил куче во Неготино кое поминувало улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Возач усмртил куче во Неготино кое поминувало улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Кавадарци, 2 април 2026 (МИА) - Возач усмртил куче кое поминувало улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка. Случајот во неготинската полиција го пријавила кавадарчанката, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Вчера во 15:10 часот во ОВР - Неготино, 33-годишната В.М. од Кавадарци пријавила дека, додека се движеле по улица „Маршал Тито“ во Неготино заедно со нејзината малолетна ќерка и нивното куче и се обиделе да ја преминат улицата, патничко возило удрило во кучето и го усмртило, по што заминало од местото, соопштија од СВР - Велес.

Додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот. свд/дма/

Фото: МИА архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR