• e enjte, 02 prill 2026

Велешкото здружение „Акцијаш ветерани“ и ученици засадија 64 дрвца во спомен на загинатите во дискотеката во Кочани

Велешкото здружение  „Акцијаш ветерани“ и ученици засадија 64 дрвца во спомен на загинатите во дискотеката  во Кочани

Велес, 1 април 2026 (МИА) – Членови на здружението „Акцијаш ветерани“ денеска кај Спомен костурницата од НОВ кај Велес засадија 64 млади садници заедно со претставници на Општина Велес, Општинскиот Црвен крст и средношколци од Гимназијата „Кочо Рацин“ и Државното средно училиште РЦСО „Коле Неделковски“, во спомен на 64 загинати во трагичниот настан во дискотеката во Кочани.

Здружението до крајот ќе оствари и друга волонтерска акција, наводнување на сите 150 млади садници во комплексот Спомен костурница од НОВ кај Велес, што ги засадија од почетокот на годинава.

ад/нд/

Фото: „Акцијаш ветерани“ архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR