Брнабиќ: Претседателот Вучиќ најави разговори со партиите за изборите и за надворешната политика
- Таа очекува разговорите, на иницијатива на Вучиќ, да почнат во наредните денови.
- Post By Златко Шумковски
- 20:38, 1 prill, 2026
Белград, 1 април 2026 (МИА) - Претседателката на Народното собрание на Република Србија, во изјава за „Политика“, нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ најавил почнување разговори во рамките на Српската напредна странка (СНС), но и со други партии и политички актери, за претстојните избори и пошироката надворешно-политичка насока на земјата.
Како што истакна таа, иницијативата е по „нова серија невистини за насилството на денот на изборите во десет локални самоуправи, што се случи во неделата“, оценувајќи дека тоа е наратив што „одредени кругови од Европската Унија повторно го промовираат“.
Брнабиќ додаде дека очекува разговорите, на иницијатива на Вучиќ, да почнат во наредните денови.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доцна синоќа изјави дека избори во Србија, без да прецизира дали тоа се однесува и на парламентарни и на претседателски избори, ќе се одржат до крајот на годината, а можеби и до Видовден, 28 јуни. зш/ми/