• e mërkurë, 11 shkurt 2026

Британскиот музеј купи неодамна пронајден приврзок на Хенри Осми за четири милиони евра

Британскиот музеј купи неодамна пронајден приврзок на Хенри Осми за четири милиони евра

Лондон, 10 февруари 2026 (МИА) - Приврзок, познат како „Тудорско срце“, направен во 16 век, а повторно откриен во областа на Ворикшир пред неколку години, е откупен од Британскиот музеј во Лондон. Преку јавни донации и средства, за таа цел се собраа четири милиони евра.

Златниот приврзок во облик на срце му припаѓал на британскиот крал Хенри Осми од династијата Тудори и неговата сопруга Катерина од Арагон. Артефактот од 16 век, преоткриен во 2019 година, сега ќе биде јавно изложен, објави „Скај њуз“. Досега, предметот му припаѓаше на пронаоѓачот - сопственикот на земјиштето каде што наодот бил откопан пред седум години, се додава.

Повеќе од 45.000 Британци донираа средства, а најголемите придонеси доаѓаат од Националниот фонд за споменици и наследство којшто придонесе со два милиони евра, фондот „Џулија Раузинг“ - 575.000 евра и здружението „Aмерикански пријатели на Британскиот музеј“ - 345.000 евра.

Музејот планира да го вклучи приврзокот во својата постојана колекција, а следи и турнеја / обиколка со низа изложби ширум Велика Британија.  си/сд/

Фото: Инстаграм

QËNDRONI TË LIDHUR