• e enjte, 22 janar 2026

Белгиската полиција утврди дека е пронајден скелет на македонски државјани исчезнат во Брисел пред 22 години

Белгиската полиција утврди дека е пронајден скелет на македонски државјани исчезнат во Брисел пред 22 години

Брисел, 22 јануари 2025 (МИА) – Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во бриселската населба Форест му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води за исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција.

Скелетот бил пронајден при реновирање на куќата во јули 2025 година по што е предаден на форензичка анализа.

По неговата анализа, утврдено е дека тој му припаѓа на Рахмановски, роден во Македонија во 1976 година.

Според полициското досие, Рахмановски последен пат бил виден вечерта на 16 јули 2003 година кога го напуштил своето работно место. Оттогаш му се губи секаква трага и сè до идентификацијата на неговиот скелет полицијата немала никави сознанија што се случило со него.

Полицијата информира дека врз основа на форензичкиот наод е издаден налог за претрес на куќата со надеж дека ќе се добијат повеќе информации за тоа што се случило со жртвата.

Белгиската полицијата воедно бара евентуални сведоци или некој што ќе може да даде какви било информации за Рахмановски или за неговото исчезнување.

Во соопштението на полицијата се нагласува дека со секоја доставена информација ќе се постапува дискретно. сп/са/

Фото: Фејсбук на белгиската Федерална полиција

QËNDRONI TË LIDHUR