Без вода дел од булеварот АСНОМ
- Без вода денеска од 9.00 часот ќе бидат корисниците на дел од булеварот АСНОМ, од број 24 до број 116.
Скопје, 17 март 2026 (МИА) - Без вода денеска од 9.00 часот ќе бидат корисниците на дел од булеварот АСНОМ, од број 24 до број 116.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на ф-150мм на булеварот АСНОМ број 68.
Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје, ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. дма/
Фото:МИА архива