Атлети, волонтери и ученици твореа на работилницата „Уметноста на инклузијата“ на Специјалната олимпијада
- Со креативна работилница и заедничко уметничко творење изминатиот викенд во Основното училиште „Петар Поп-Арсов“ во Скопје беше реализиран настанот „Уметноста на инклузијата“, во организација на Специјалната олимпијада Северна Македонија и со поддршка на НЛБ Банка, чија цел е поттикнување социјална инклузија преку уметност.
Скопје, 20 април 2026 (МИА) - Со креативна работилница и заедничко уметничко творење изминатиот викенд во Основното училиште „Петар Поп-Арсов“ во Скопје беше реализиран настанот „Уметноста на инклузијата“, во организација на Специјалната олимпијада Северна Македонија и со поддршка на НЛБ Банка, чија цел е поттикнување социјална инклузија преку уметност.
Креативната работилница претставува дел од пошироката стратегија на Специјалната олимпијада Северна Македонија за поттикнување социјална инклузија.
- Настанот понуди јасен пример за инклузија во пракса, каде што атлетите од СОМ, под менторство на уметницата педагог Мирослава (Микица) Трујкановиќ, преку боите и уметничкото изразување покажаа како се надминуваат препреките и предрасудите - стои во соопштението од СОМ.
Од таму дополнуваат дека на настанот активно учество зеле 15 атлети, кои заедно со своите партнери од НЛБ и ученици од ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ креирале 15 уметнички дела.
Насликаните дела ќе бидат дел од хуманитарна продажна изложба, која ќе се одржи на 4.5.2026 година, а средствата од продажбата ќе бидат наменети за поддршка на развојните програми на Специјалната олимпијада Северна Македонија.ар/вј/
Фото:СОМ