Андоновски: Македонската ИКТ-индустрија продолжува да соборува рекорди во економијата
- - Убави вести денеска - македонската ИКТ-индустрија продолжува да соборува рекорди во економијата. Според податоците на Народната банка, извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги во 2025 година достигна 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во однос на 2024 година.Особено значајно е што ИКТ-секторот остварува постојан раст и позитивен трговски биланс - напиша министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на „Фејсбук“.
You need to login to view this page