Андоновски: Аплицирањето за електронски изводи од матичните книга на родените најкористена услуга на електронскиот портал uslugi.gov.mk
- Во однос на обврската да се испечати, Андоновски вели дека, за жал, повеќето од законите бараат извод од матична книга што институциите сметаат дека треба да биде документ. - Токму во оваа насока се измените, кои се прават на секој од поединечните закони, каде што се вели дека, освен електронски извод, може да ја добиете таа потврда и по службена должност, нешто што, на пример, Министерството за внатрешни работи го користи за издавање лиценци или дозволи за оружје. Тие по автоматизам или по службена должност сами ги прибират податоците за државјанство, за извод од Матичната книга на родените и потврда за неосудуваност од страна на судовите. Се надевам во оваа насока ќе се придвижат и другите институции. Мое е да кажам дека можноста постои, а задачата на секоја од институција е тоа да го реализира, изјави Андоновски.
You need to login to view this page