• Monday, 09 February 2026

Огревно дрво и инвертер клима уреди за деца без родители и со посебни потреби

Огревно дрво и инвертер клима уреди за деца без родители и со посебни потреби

Дебар, 8 февруари 2026 (МИА) - Хуманитарното друштво „Дрита“-Дебар и татковинското друштво „Дибра“ на дебрани во САД, продолжуваат со своите активности за лица и семејства кои се нашле во потреба од помош.

Овој пат се реализира достава на огревно дрво и инвертер клима уреди за деца без родители и семејства со лица со посебни потреби.

-Опфатени се 10 семејства, по пет од двете категории, кои добиваат по 5 кубни метри огревно дрво, како и 4 семејства, по две од двете категории, на кои им се донирани инвертер клима уреди. Иако мал проект, тој претставува нешто многу поголемо. Нашата цел е да помогнеме онаму каде што е најпотребно, и со тоа ќе продолжиме, рече за МИА, Нертиљ Османи, претседател на друштвото „Дрита“.  

Тој изразува голема благодарност кон сите оние кои биле вклучени во реализација на оваа активност, за издвоеното време, посветеноста и соработка, кои, како што додава, биле од суштинско значење за успешна реализација на активноста. 

Ова не е  прва заедничка хуманитарна активност на двете друштва. Тие во повеќе наврати донираат прехрамбени артикли и средства за одржување на хигиена на семејствата во социјален ризик, а за децата без родители од поширокиот дебарски регион и средства за набавка на облека и обувки. вт/дма/

Фото: ХД „Дрита“

You May Also Like