• Monday, 09 February 2026

Во Кочани лишен од слобода бегалец од затвор, осуден на осум години и девет месеци

Во Кочани лишен од слобода бегалец од затвор, осуден на осум години и девет месеци

Кочани, 8 февруари 2026 (МИА) - Денеска (08.02.2026) околу 13:20 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и ОВР Кочани во го лишија од слобода И.Ѓ. (35) од Гевгелија.

И.Ѓ. беше баран со потерница по судска наредба поради бегство од затворот „Штип“, за издржување затворска казна од осум години и девет месеци, осуден поради сторено кривично дело по чл. 418 став 2 од КЗ, информира МВР.

Лицето е спроведено во Полициска станица Кочани за натамошна постапка. ис/сст/

фото: МВР