• Monday, 09 February 2026

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 8 февруари 2026 (МИА) - На 07/08.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.М.(29), Б.Л.(22) и двајца 16-годишници, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 07.02.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Д.(25) и мопед со скопски регистарски ознаки,  управуван од 17-годишник, двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник, кој се превезувал на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.  Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 07.02.2026 околу 16:00 часот на земјен пат во атар на с. Бразда, Скопско, полициски службеници од ПО Мирковци ги лишија од слобода О.Ј.(24) и. Е.Љ.(48), двајцата од с.Блаце, затоа што во патничко возило “венто”, управувано од О.Ј., а сопатник бил Е.Љ., се пронајдени огревни дрва без документација. Полициските службеници дале знак за запирање, но О.Ј. не го запрел возилото. По преземени мерки, возилото е пронајдено, лицата се лишени од слобода, известена е Шумска полиција и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.02.2026 во 09:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, во близина на село Скудриње, патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со телесни повреди, а со тешки телесни повреди се здобила 73-годишната сопатничка Ј.М. од Скопје, констатирани во Ургентен центар во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 08.02.2026 во 02:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, општина Студеничани, биле опожарени патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Џ.И.(47) од с.Батинци и товарно возило „форд ренџер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект. Нема повредени лица, а огнот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.02.2026 во 18:00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.А.(21) од Прилеп. Имено, врз основа на наредба од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во домот на А.А., при што биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и предмети со траги од марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

На 07.02.2026 во ОВР Неготино е пријавено дека околу 09:35 часот, на регионалниот пат Кавадарци-Неготино, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пежо“ со неготински регистарски ознаки, управувано од З.А.(56) од село Криволак, неготинско и патничко возило „сеат“ со неготински регистарски ознаки, управувано од П.И.(53) од Неготино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.А., а со телесни повреди се здобил П.И., констатирани од лекар во Итна медицинска помош Неготино. По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино.

На 07.02.2026 во 20:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа М.У.(52) од Велес. Претходно, тој се јавил во полициска станица и ги омаловажувал полициските службеници, а потоа на улица „Јовче Тикваров“ во Велес, го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. При преземање мерки, кај М.У. биле измерени 3,06 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 08.02.2026 во 01:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.Ф. (39) од с.Грчец, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека на 07.02.2026 пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај, физички и со тврд предмет го нападнал Р.З.(47) од с.Грчец, скопско, а потоа му се заканувал и со пиштол.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.02.2026 во 19:50 часот во СВР Скопје, Г.П.А.(50) од Скопје пријави дека околу  14:00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Б.Ф..

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.02.2026 во 04:40 часот во СВР Скопје, М.С.(36) од Кичево пријави дека на паркинг простор пред станбена зграда на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.02.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 28-годишната Џ.Х. од гостиварско и 32-годишната С.И. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци.

На 08.02.2026 во 00:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа И.С.(22) и М.Н.(22), двајцата од Скопје, поради тоа што пред угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, се однесувале агресивно кон полициски службеници додека вршеле службена должност. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци.

На 08.02.2026 во 01:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа С.С.(45) и С.Е.(24), двајцата од Скопје, поради тоа што на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, се однесувале агресивно кон полициски службеници додека вршеле службена должност. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци.

На 07.02.2026 во 22:45 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе лишија од слобода 65-годишен маж од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:30 часот во семејниот дом со остар предмет им упатувал закани на неговите два сина, а и физички го нападнал едниот син. Констатирано е дека 65-годишникот е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,16 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.02.2026 во 13:02 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во хала од фабрика во с.Спанчево, општина Чешиново–Облешево, со тешки телесни повреди се здобил И.Е. (46) од Кочани, констатирани во Општа болница Кочани. За настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа. мд/

Фото: МИА архива