Дваесет и двегодишно момче од Кочанско управувал возило без возачка дозвола, автомобилот одземен
- При контрола во сообраќајот на ул.„Стево Теодосиевски“, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.С. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.
Кочани, 8 февруари 2026 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Кочани синоќа го лишиле од слобода М.С.(22) од село Тркање, Кочанско.
При контрола во сообраќајот на ул.„Стево Теодосиевски“, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.С. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.
По добиенa насока од јавен обвинител, возилото е о дземено, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. ис/мд/
фото: МИА