• Monday, 09 February 2026

Во Кочани приведен возач со активна забрана за управување моторно возило

Во Кочани приведен возач со активна забрана за управување моторно возило

Кочани, 8 февруари 2026 (МИА) - На 08.02.2026 во 01:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода М.И.(23) од село Карбинци, општина Карбинци.

При контрола во сообраќајот на ул.„Стево Теодосиевски“, информира МВР, полициски службеници запреле патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.И. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото со активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија.

По насоки на јавен обвинител, лицето е лишено од слобода, а возилото одземено и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во информацијата од МВР. ис/сст/

фото: архива МИА