• Wednesday, 17 July 2024

Форбс: По обидот за убиство - Доналд Трамп е побогат за повеќе од милијарда долари

Форбс: По обидот за убиство - Доналд Трамп е побогат за повеќе од милијарда долари

Њујорк, 16 јули 2024 (МИА) - Нето богатство на поранешниот претседател Доналд Трамп вчера се зголеми за повеќе од милијарда долари, објави Форбс, откако акциите на Трамп Медиа - матичната компанија на социјалната мрежа Truth Social - пораснаа неколку дена по обидот за убиството на Трамп, кој поседува мнозински удел во компанијата.

Акциите на Trump Media & Technology Group пораснаа за 32 отсто на нешто помалку од 41 долар, трета најголема добивка во годината по скокот од 35 отсто на 25 март.

Вредноста на уделот на Трамп во компанијата, кој е речиси 65 отсто (вкупно 114,75 милиони акции), порасна на 4,6 милијарди долари од 3,5 милијарди долари на затворањето на тргувањето во петокот.

Акциите на Trump Media претходно беа затворени над 40 долари на 12 јуни, кога уделот на Трамп беше проценет на нешто помалку од 4,7 милијарди долари, пред да паднат под 28 долари минатата недела.

Трамп има нето богатство од 6,6 милијарди долари, што го става меѓу 500-те најбогати луѓе во светот, според најновите проценки на Форбс.

Неговото богатство се зголеми на повеќе од осум милијарди долари, од претходните околу 4,1 милијарди долари кога Трамп Медиа излезе на берза на 26 март, а цената на акциите на компанијата достигна највисоко ниво од 79,38 долари. Трамп Медиа се проценува дека вреди меѓу 40 и 90 милиони долари. ссм/

фото: архива