• Wednesday, 17 July 2024

Иран ги отфрли обвинувањата за надводно фалсификување заговор за атентат на Трамп

Иран ги отфрли обвинувањата за надводно фалсификување заговор за атентат на Трамп

Техеран, 17 јули 2024 (МИА) - Иран ги отфрли обвинувањата за наводно фалсификување заговор за атентат на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, потсетувајќи на тужбата поднесена за убиството на влијателен ирански генерал со американско беспилотно летало во 2020 година, објавија денеска иранските државни медиуми.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, рече дека Иран „силно отфрла каква било вмешаност во неодамнешниот вооружен напад врз Трамп или тврдењата за намерата на Иран да организира таква акција“.

Американските медиуми претходно објавија дека американската тајна служба, поради наводната закана од Иран по животот на Доналд Трамп, ја зајакнала безбедноста на поранешниот американски претседател уште пред саботниот обид за атентат. мс/

фото: МИА архива