• Wednesday, 17 July 2024

За Рама вестите за помал број туристи ги оцени како организиран напад за да му се наштети на домашниот туризам

За Рама вестите за помал број туристи ги оцени како организиран напад за да му се наштети на домашниот туризам

Тирана, 17 јули 2024 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама денеска ги отфрли информациите дека плажите се полупразни и оти косовските туристи албанското крајбрежје го замениле со дестинации главно во Грција, Турција и Црна Гора.

-Има организиран напад за да му се наштети на нашиот туризам, чиј развој е во постојана нагорна линија. На социјалните мрежи има многу лажни профили на кои пишува дека никој не дошол во Албанија. Низок обид е и да се каже дека косовските Албанци ја напуштиле Албанија. Нашите системи за кибер безбедност, го вклучија црвеното светло за ова, изјавил револтирано Рама на средба со градоначалниците од приморските градови.

Притоа навел бројки на туристи кои престојувале во земјата.

-Факт е дека од јануари до јуни има 1,7 милиони граѓани на Косово, кои влегле во Албанија или 25 отсто повеќе од лани. Минатата година бевме позитивно изненадени од туристите од Италија, кои пак годинава ги има 486 илјади или 57 повеќе од лани. Зголемен број туристи за 61 отсто имаме и од Турција, од Полска број е зголемен за 47 отсто или за шест месеци нашата земја ја посетиле по 100 илјади туристи од овие земји, навел Рама. вт/мс/

фото: Ппринтскрин Фејсбук

You May Also Like