• Thursday, 18 July 2024

Шолц на 19 јули во посета на Србија

Шолц на 19 јули во посета на Србија

Берлин, 17 јули 2024 (МИА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц в петок ќе отпатува за Србија и ќе разговара со претседателот Александар Вучиќ, најави денеска портпаролот на германската Влада.

Шолц заедно со потпретседателот на Европската комисија Марош Шефчович ќе присуствува на Самитот за стратешки суровини, на кој Србија ќе потпише меморандум за разбирање со Европска Унија за стратешко партнерство за одржливи суровини, синџири за снабдување со батерии и електрични автомобили.

Портпаролот на германската Влада посочи дека „заднината на овој проект е одржливо ископување литиум во Србија“.

Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ денеска изјави дека ископувањето на литиум државата може да донесе околу 10 милијарди евра дополнителни инвестиции во Србија до 2030 година, а бруто домашниот производ би можел да порасне и до 20 отсто. ми/

фото: ЕПА