• Thursday, 18 July 2024

Русија и Украина ослободија вкупно 190 заробеници

Русија и Украина ослободија вкупно 190 заробеници

Москва, 17 јули 2024 (МИА) – Русија и Украина ослободија вкупно 190 војници во најнова размена на заробеници, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Како резултат на преговарачкиот процес, ослободени се 95 руски војници, објави руското МО на Телеграм.

Во размената на заробеници ослободени се 95 украински војници. ми/

фото: МИА архива