• Wednesday, 17 July 2024

Новата лабуристичка влада најави обновување на односите на Велика Британија со ЕУ

Новата лабуристичка влада најави обновување на односите на Велика Британија со ЕУ

Лондон, 17 јули 2024 (МИА) – Британскиот крал Чарлс Трети најавувајќи ги плановите на новата лабуристичка влада најави обнови на односите со Европска Унија по Брегизт.

Мојата влада ќе се обиде да ги обнови односите со европските партнери и ќе работи на подобрување на трговскиот и инвестицискиот однос на Велика Британија со ЕУ, посочи кралот Чарлс Трети.

Тој исто така најави дека ќе се формираат нови вооружени гранични безбедносни сили со контратерористички овластувања за да се спречи организираниот имиграциски криминал.

Ќе биде воведен предлог-закон... за формирање на нова команда за гранична безбедност и обезбедување на зголемени овластувања за борба против тероризмот за справување со организираниот имиграциски криминал, посочи кралот Чарлс Трети. ми/

фото: МИА архива