У16: Македонските фудбалери ја совладаа Летонија
- Во првиот од двата контролни натпревари што се закажани во Скопје, македонската фудбалска репрезентација до 16 години попладнево ја совлада Летонија со 2:1.
- Post By Емил Гашевски
- 17:18, 11 March, 2026
Скопје, 11 март 2026 (МИА) – Во првиот од двата контролни натпревари што се закажани во Скопје, македонската фудбалска репрезентација до 16 години попладнево ја совлада Летонија со 2:1.
Избраниците на селекторот Иљами Исејни уште од самиот почеток тргнаа офанзивно кон голот на противникот и по неколку пропуштени можности, Медин Емини по асистенција на Адријан Велески во 18 минута ѝ донесе почетна предност на македонската репрезентација.
Во 21. минута од средбата Летонија ја искористи единствената можност и преку Хенријс Хотомс израмни на 1:1.
Македонските фудбалери и во второто полувреме продолжија да доминираат на теренот, а до победата дојдоа преку во 89. минута со голот на Велески.
Вториот контролен натпревар во Скопје македонската и летонската репрезентација е закажан за в петок со почеток во 13 часот.ег
ФОТО: ФФМ