Нмеча останува во Борусија Дортмунд до 2030
- Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Феликс Нмеча, го продолжи денеска договорот со бундеслигашот до јуни 2030 година.
- Post By Емил Гашевски
- 22:33, 11 March, 2026
Дортмунд, 11 март 2026 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Феликс Нмеча, го продолжи денеска договорот со бундеслигашот до јуни 2030 година.
Претходниот договор на 25-годишниот Нмеча со клубот од Дортмунд беше со важност до јуни 2028 година, а сега е продолжен, но не се знае точно под кои услови, објави агенцијата ДПА.
Нмеча се приклучи на Борусија од Волфсбург во 2023 година во трансфер 30 милиони евра.
Борусија е второпласирана на табелата во Бундеслигата со 55 бодови, 11 помалку од лидерот Баерн Минхен. ег
ФОТО: ЕПА