• Thursday, 12 March 2026

Спанулис ја напушти клупата на Монако

Спанулис ја напушти клупата на Монако


Монако, 11 март 2026 (МИА) – Грчкиот кошаркарски тренер Василис Спанулис ја напушти клупата на актуелниот европски вицешампион Монако, откако двете страни денсска спогодбено го раскинаа договорот за соработка.
Спанулис седна на клупата на Монако во ноември минатата година и го однесе клубот во финалето на Евролигата, во кое загуба од Фенербахче.
Оваа сезона, Монако повторно имаше добар почеток во Евролигата, но по серијата од 15 победи и седум порази во воведните 22 кола, уследи серија од седум порази на осум натпревари.
Во француското првенство, Спанулис го остави Монако на врвот на табелата со сооднос од 18-2 во победи и порази.
Заминувањето од Монако не значи дека Спанулис ќе остане без работни обврски, бидејќи сè уште е актуелен грчки селектор, должност што ја презеде во октомври 2023 година. ег
ФОТО: ЕПА