• Thursday, 12 March 2026

Еурофарм Пелистер со висок пораз од Барселона ја заврши сезоната во ЛШ

Еурофарм Пелистер со висок пораз од Барселона ја заврши сезоната во ЛШ

 

Барселона, 11 март 2026 (МИА) – Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер загуби вечерва убедливо од Барселона на гостински терен со 47-27 во својот последен натпревар оваа сезона во Лигата на шампиони (ЛШ).

Разликата во квалитетот беше очигледно на страната на Барселона која по почетното водство на Еурофарм Пелистер (2-1, 3-2), брзо ја презеде контролата на теренот и поведе со 11-6, а потоа и со 21-14, за на полувреме да има високи 24-15.

Во второто полувреме предноста на шпанскиот состав само растеше и на крајот достигна највисоки +20 голови разлика.

Еурофарм Пелистер го заврши настапот во елитното европско клупско натпреварување на претпоследното место во групата Б со две победи, исто толку нерешени и десет порази.

Следен предизвик пред избраниците на тренерот Стевче Алушовски ќе бидат натпреварите во домашното првенство во кое битолскиот тим веќе в недела го очекува големото дерби против лидерот на табелата Вардар 1961. ег

ФОТО: Еурофарм Пелистер/Фејсбук