Висок пораз на македонските кошаркарки во Данска
- Македонската женска кошаркарска репрезентација го претрпе третиот пораз во четвртиот натпревар во квалификациите за Евробаскетот 2027, откако вечерва претрпе убедлив пораз на гостински терен од Данска со 125-57
- Post By Емил Гашевски
- 20:20, 11 March, 2026
Гентофте, 11 март 2026 (МИА) – Македонската женска кошаркарска репрезентација го претрпе третиот пораз во четвртиот натпревар во квалификациите за Евробаскетот 2027, откако вечерва претрпе убедлив пораз на гостински терен од Данска со 125-57
Во ослабен состав без долгогодишниот капитен Анџелика Митрашиновиќ, која стави крај на професионалната кариера, како и отсутните Ивана Кметовска и Матеа Николиќ, македонските кошаркарки без немоќни да му се спротивстават на данскиот состав.
По воведниот период во кој Данска поведе со 29 – 21, до крајот на полувремето негативата на избраничките на селекторот Александар Ашаданов достигна високи 23 поени (56-33), а во завршната четвртина натпреварот влезе со предност на домаќинките од недостижни 83-45.
Најефикасни во македонските редови беа Хемпе со 27 и Селцова со 10 поени
Со овој пораз, македонската репрезентација е последнопласирана во групата Ф со една победа и три порази и ги сведе на теорија шансите за пласман во втората квалификациска фаза пред завршните два натпревари во групата против фаворитите Грција и Хрватска.
Избраничките на Ашаданов в сабота ги очекува дуел на гостински терен против Грција, а во завршното коло, идниот вторник, ќе ја пречекаат Хрватска. ег
ФОТО: КФСМ