• Thursday, 12 March 2026

ЛШ: Баер и Арсенал ремизираа во Леверкузен

ЛШ: Баер и Арсенал ремизираа во Леверкузен

 

Леверкузен, 11 март 2026 (МИА) – Баер и Арсенал одиграа нерешено 1:1 вечерва во Леверкузен, во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампиони.

Во првото полувреме немаше многу возбудувања на теренот, а единствената голема шанса ја имаше Арсенал кога Габриел Мартинели ја погоди пречката.

На самиот почеток на второто полувреме германскиот тим дојде во водство со голот на Роберт Андрих во 46 минута.

Арсенал дојде до израмнување во самиот финиш со голот на Каи Хаверц од пенал во 89 минута, откако претходно Нони Мадуеке беше соборен во шеснаесетникот.

Реваншот во Лондон е закажан за 17 март. ег

ФОТО: ЕПА