• Wednesday, 17 July 2024

Украина и Чешка се договорија за изградба на фабрика за муниција во Украина

Украина и Чешка се договорија за изградба на фабрика за муниција во Украина

Прага, 16 јули 2024 (МИА) - Украинската државна компанија Укроборонсервис и чешкиот производител на муниција Селиер и Белот планираат да изградат фабрика за муниција во Украина, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал по заедничката средба на двете влади во Прага.

Чешка е важен сојузник на официјален Киев во борбата против Русија и ја предводеше иницијативата за испорака на стотици илјади муниција во Украина од целиот свет.

Помеѓу другите договори од областа на одбраната, договорена е изградба на нова фабрика за муниција во Украина. рече Шмихал, без дополнителни детали.

Чешкиот производител на пушки Colt CZ Group, кој годинава ја презеде компанијата Селиер и Белот, соопшти дека ќе обезбеди машини за производство на муниција од мал калибар како дел од овој проект.

Друга единица на Colt CZ Group, чешката Збројовка, исто така, како дел од претходните планови, потпиша договор за трансфер на технологија за производство на пушки CZ BREN 2 во Украина. ссм/