• Thursday, 19 February 2026

Отчет за првите 100 дена на Проданоски за развој на Прилеп

Отчет за првите 100 дена на Проданоски за развој на Прилеп

Прилеп, 18 февруари 2026 (МИА) - Подобрување на инфраструктурата и квалитетот на животот на граѓаните на Прилеп е основата во програмата од 2025 до 2029 година и тоа го почнавме уште во мојот мандат во првите 100 дена, изјави прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски кој вечерва во општинската сала ги презентираше постигнатите резултати во првите 100 дена од својот мандат.

Според Проданоски, почната е најавената реконструкција и консолидација на јавните комунални претпријатија кои добија и нов менаџмент. Буџетот е зголемен и развоен. А меѓу главните фокуси е инфраструктурниот развој.

- Инфраструктурните проекти со поддршката на Владата веќе почнаа и добиваат свој интензитет. Освен тоа, завршуваме со објавата на два јавни повици за уште нови капитални проекти кои треба да се случуваат во овој период. Почнавме силна поддршка за социјалата, поддршка и за првачињата што ќе значи по 3 000 денари за секое прваче од новата учебна година, нови униформи за  9 000 основци, што значи продолжува поддршката за образованието, изјави Проданоски.

Во фокусот е една од главните работи што се однесува до општинската зграда која конечно доби имотен лист.

- Токму во овие 100 дена, од неодамна зградата на Општината го доби имотниот лист со што во вода паднаа сите шпекувации дека зградата нема легализација, рече Проданоски. 

Во својот отчет за работата во првите 100 дена, Проданоски нагласи дека се зголемени средствата за поддршка на културата, спортот, стипендирањето на младите таленти, а е зголемена и финансиската поддршка и за противпожарната заштита, социјалната заштита на децата, отворање центар за е-услуги,  инклузивност на Општината, билатерална оработка и услови за стопански развој.ем/са/

Фото: МИА

You May Also Like