• Thursday, 19 February 2026

Продолжува изградбата на фекална канализација во каменичкото село Тодоровци

Продолжува изградбата на фекална канализација во каменичкото село Тодоровци

Македонска Каменица, 18 февруари 2026 (МИА) - Во каменичкото село Тодоровци продолжува изградбата на фекална канализација. Проектот како што информира градоначалничката Соња Стаменкова, која изврши увид во работите, е со вкупна вредност од 4 милиони денари.

-Реализацијата на оваа активност е  во деловите Ѓурѓина Ливада (430 м) и Ѓачко маало (664 м). Овој проект, со вкупна вредност од околу 4 милиони денари, претставува значаен чекор кон модернизирање на комуналната инфраструктура и обезбедување почисто и поздраво опкружување за жителите - истакна Стаменкова.

Со новата канализација, како што додаде, се овозможува подобра хигиена и функционални комунални услуги за сите граѓани и е дел од долгорочната политика на локалната самоуправа за инвестирање во развојот на заедниците.

-Со овој проект продолжуваме да вложуваме во современа и функционална инфраструктура за нашите граѓани, обезбедувајќи услови за подобар живот и почиста околина - подвлече Стаменкова.

Изградбата на канализацијата се очекува да заврши во наредните месеци, со што селото ќе добие современ систем којшто ќе го подобри секојдневниот живот на жителите. вс/вг/

Фото: МИА