• Thursday, 19 February 2026

Во 2025 во Велес и Велешко зголемени заразните заболувања споредено со претходната година

Во 2025 во Велес и Велешко зголемени заразните заболувања споредено со претходната година

Велес,18 февруари 2026 (МИА) – Во изминатата 2025  година бил зголемен бројот на заразни заболувања на лица од Велес и Велешко во кој влегуваат трите општини: Велес, Градско и Чашка. Најголем број на заразни заболувања биле со варичела или „овчи сипаници“ и тоа 398 и тоа најмногу  кај децата од школска и претшколска возраст, наспрема само 102 заболени во 2024, е посочено во годишниот извештај на ЈЗУ Центар за јавно здравје, што го подготви д-р Бојан Тодоровски епидемиолог, а го презентира пред членовите на Советот на Општина Велес.

Од цревни заразни заболувања лани имало 499 болни, а во 2024 година 271 или скоро двојно помалку.

Тој информира дека во 2025 заболени од грип биле 976, што е повеќе за 227 болни од 2024 година кога биле регистрирани 749, а имало и еден починат од последици од грип.

Што се однесува на заразната болест шуга лани имало 24 болни што е помалку за осуммина од 2024 година кога биле регистрирани 32 заболени.

Д-р Тодоровски информира дека лани  имало  и 11 случаи на сексуално преносливата болест хламидија, која може да предизвика стерилитет, а имало регистрирани и  четири случаи со ХПВ. Тој појасни дека ХПВ инфекцијата е сексуално пренослива болест, предизвикана од хуман папиломавирус. Може да предизвика рак на грлото на матката кај жените и се поврзува  со малигни заболувања и на други органи во телото.ад/

Фото: МИА архива

 

You May Also Like