• Wednesday, 17 July 2024

Затворени три бензински пумпи во северно Косово

Затворени три бензински пумпи во северно Косово

Приштина, 16 јули 2024 (МИА) – Косовската полиција ѝ асистира денеска на Косовската агенција за приватизација (АКП) за верификација на имотот и затворањето на три бензински пумпи на северот на земјата, населен со српско мнозинство, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што потврди за медиумите заменик-директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани, една пумпа е затворена во Северна Митровица, една во Зубин-Поток, и една кај Eзерото Газивода.

Тој соопшти дека АКП била придружувана од инспектори од Министерството за трговија и индустрија (МТИ) и Пореската агенција на Косово (АТК).

- Косовската полиција денеска ѝ асистира на АКП во проверката на нивните имоти. Затворени се една бензинска пумпа во Северна Митровица, една во Зубин Поток и една во Газивода. АКП беше придружувана од инспектори на МТИ и АТК. Сè помина без проблеми, рече Елшани.

Косовскиот портал на српски јазик КоССев информира дека околу пумпите се поставени жолти ленти и се присутни припадници на косовската полиција, а ги посетиле и припадници на Мировната мисија на НАТО во Косово – КФОР. иа/ссм/