• Saturday, 24 January 2026

Даријан Павлев - спортист на Кочани за 2025 година

Даријан Павлев - спортист на Кочани за  2025 година

Кочани, 23 јануари 2026 (МИА) - Општина Кочани и Асоцијацијата на новинари од Кочани го извршја изборот на најдобрите спортисти за изминатата година.

За најуспешен спортист за 2025 година е избран Даријан Павлев, член на Боречкиот клуб „Спартак“ Второпласиран е Филип Стојанов од Карате клубот „Партизан“, а на третото место се најде каратистката Наталија Карова од Карате клубот „Кочани“.

Во категоријата млади надежни спортисти беа избрани сите предложени кандидати.

Најуспешна екипа во 2025 е прволигашот ЖФК „Кочани“, додека Игор Каров, тренер на Карате клубот „Кочани“, е избран за најдобар тренер.

Оливер Јовановски од ЖФК „Кочани“ е најуспешниот спортси работник во изминатата 2025 година..

Специјална постхумна награда ќе му биде доделена на Андреј Лазаров од Оризари, фудбалер, кој животот го загуби минатата година во пожарот во „Пулс“.

Свеченото доделување на признанијата во рамки на манифестацијата „Спортист на годината“ ќе го организира ОФС – Кочани, а за датумот и местото јавноста ќе биде дополнително информирана.ис/

Фото: МИА