Александер – Арнолд добил совет од Арбелоа да бара нов клуб
- Шпанските медиуми објавија денеска дека тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, му соопштил на дефанзивецот Трент Александар-Арнолд дека веќе не му се потребни неговите услуги.
- Post By Емил Гашевски
- 21:13, 23 January, 2026
Мадрид, 23 јануари 2026 (МИА) – Шпанските медиуми објавија денеска дека тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, му соопштил на дефанзивецот Трент Александар-Арнолд дека веќе не му се потребни неговите услуги.
Според „Ел Насионал“, Арбелоа се сретнал лично со англискиот фудбалер и го информирал 27-годишниот Александер – Арнолд дека треба да најде нов клуб.
Медиумите наведуваат дека раководството на Реал размислува за продажба на дефанзивецот во летниот преоден рок.
Во летото 2025 година, Александар-Арнолд му се приклучи на Реал Мадрид од Ливерпул како слободен играч. Тој одигра 11 натпревари во сите натпреварувања за клубот, без да постигне гол. Со Ливерпул, двапати ја освои Премиер лигата, двапати Лига купот, како и Лигата на шампиони, ФА купот, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА. ег
ФОТО: ЕПА