ЕХФ ЕУРО2026: Шведска со пресврт во вториот дел ја совлада Словенија
- Кодомаќинот на Европското ракометно првенство Шведска вечерва во Малме ја совлада Словенија со 35-31 во дуел од воведното коло во групата 2 од главната рунда и со триумфот обезбеден во второто полувреме направи исчекор кон пласман во полуфиналето
- Post By Емил Гашевски
- 22:12, 23 January, 2026
Малме, 23 јануари 2026 (МИА) – Кодомаќинот на Европското ракометно првенство Шведска вечерва во Малме ја совлада Словенија со 35-31 во дуел од воведното коло во групата 2 од главната рунда и со триумфот обезбеден во второто полувреме направи исчекор кон пласман во полуфиналето
Словенците беа во резултатска предност во текот на целото прво полувреме, кое во неколку наврати изнесуваше највисоки три голови, а на пауза заминаа со водство од 15:13.
Почетокот на второто полувреме донесе сосема поинаква слика на теренот. Шведска влезе фуриозно во второто полувреме и серија од 4-0 дојде до резултатски пресврт.
Словенците се обидоа да се вратат во игра и со серија од 3-0 дојдоа до негатива од еден гол на средина од второто полувреме, но Шведска го контролираше натпреварот и на крајот дојде до заслужена победа, до која ја предводеше Сандел со седум голови.
Шведска е лидер на табелата со четири бодови, пред Словенија, Исланд и Хрватска со по два бода, додека Швајцарија и Унгарија имаат по бод.
Во второто коло кое е на програмата в недела, Словенија за противник ја има Унгарија, Шведска ќе игра против Исланд, а хрватска против Швајцарија. ег