Наполи го позајми Лука на Нотингем Форест
- Фудбалерот на актуелниот италијански првак Наполи, Лоренцо Лука, се пресели во редовите на Нотингем Форест како позајмен играч, објави денеска англискиот клуб.
- Post By Емил Гашевски
- 19:57, 23 January, 2026
Неапол, 23 јануари 2026 (МИА) – Фудбалерот на актуелниот италијански првак Наполи, Лоренцо Лука, се пресели во редовите на Нотингем Форест како позајмен играч, објави денеска англискиот клуб.
Договорот меѓу двата клуба вклучува и опција Нотингем Форест да го откупи договорот на италијанскиот напаѓач за сума од 34,8 милиони фунти.
„Лоренцо е играч кој носи специфични квалитети во нашиот тим и многу сме задоволни што ни се придружи. Тој играше на највисоко ниво во различни земји и доаѓа со добра комбинација од искуство и простор за понатамошен развој“, изјави спортскиот директор на Нотингем Форест, Еду Гаспар.
Пред Наполи, Лука играше за Виченца, Торино, Палермо, Пиза и Удинезе. ег
ФОТО: ЕПА