ЕХФ ЕУРО2026: Унгарија губеше со шест голови разлика, на крајот испушти победа против Швајцарија
- Ракометарите на Швајцарија и Унгарија одиграа нерешено вечерва во Малме 29:29 (20:14), во натпревар од првото коло од Групата 2 во рамки на главната од Европското првенство.
- Post By Емил Гашевски
- 20:10, 23 January, 2026
Малме, 23 јануари 2026 (МИА) – Ракометарите на Швајцарија и Унгарија одиграа нерешено вечерва во Малме 29:29 (20:14), во натпревар од првото коло од Групата 2 во рамки на главната од Европското првенство.
Најефикасен во швајцарската селекција беше Лени Рубин со седум голови, додека Унгарците ги предводеше Миклош Роста со пет голови.
На полувремето, Унгарија губеше со шест голови разлика, но во второто полувреме сликата на теренот беше сосема поинаква. Унгарците заиграа цврсто во одбраната и ефикасно во нападот и доколку не беа неефикасни во последните моменти од натпреварот, лесно можеше да се случи да забележат победа.
Овој резултат, со оглед на тоа што и двете репрезентации влегоа во втората фаза без бодови, не му одговара на ниту еден од двата тима.
Претходно денеска во оваа група, Хрватска го победи Исланд со 30:29 (19:15), а од 20:30 часот ќе играат домаќинот Шведска и Словенија. ег/дј
ФОТО: ЕПА